Зоран Заев ги доведува животите на граѓаните во опасност. Власта две недели крие дека во Македонија има случај на антракс. Не се знае дали граѓани конзумирале месо и млеко од заразеното стадо и доколку е точно прашуваме колку? Заев и Атанасов мора да одговорат и дали случајот со антракс е пријавен во СЗО за здравјето на животните, како и системот за известување на болести на животните на ЕУ или и од нив е сокриен овој податок? Зоран Заев и Зоран Атанасов не смеат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, ниту со маката на сточарите. Бараме одговори и одговорност веднаш, изјави денеска Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.
Пуленот на Заев, директорот на АХВ, Атанасов по сериозниот пропуст кој бил направен, направи и законски прекршок, па спротивно на чл.52 од Законот за ветеринарно здравство, кој пропишува дека Агенцијата е должна соодветно да ја информира јавноста за спроведување на контролите и заштитните мерки против болести на локално и централно ниво, две недели ја крие информацијата за присуството на антракс од јавноста. Дополнително Заев и Атанасов мора да одговорат дали се вистините написите во медиумите дека не е извршена вакцинација против антракс во 2019 година!? Доколку не е, прашуваме зошто?, прашува Трипуновски.
Comments are closed for this post.