Енергетските компании веќе ги испратиле своите барања за тоа колку тие сметаат дека треба да поскапи нивниот дел од цената на електричната енергија. За нивните барања Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучува кон крајот на јуни. Првите пресметки велат дека струјата најверојатно ќе поскапи за 5 отсто.

Тоа значи дека на сметките од 1.000 денари покачувањето би било за најмногу 50 денари.

„Компаниите веќе ги доставија своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат. МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија“, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека тие во Собранието ќе предложат намалување на ДДВ за струјата од 18 на 5 проценти. Струјата лани поскапе за 7,4 отсто.

МЕПСО побарале да добијат зголемување на нивниот удел од 140 отсто или тие годинава добиваа 3,5 отсто од сумата на една сметка или околу 35 денари на сметка од 1.000 денари. Ако регулаторот им го прифати новото барање, би добивале по 80 денари од сметка од 1.000 денари.

Компанијата НЕМО која е задолжена за организација на пазарот со електрична енергија побарала зголемување за 45 насто. Тие сега добиваат 0,59 отсто од колачот. Електродистрибуција пак, побарала раст од 0,95 отсто.