Државата догодина ќе даде повеќе пари за плати, надоместоци, стоки, услуги, нови вработувања. Буџетот за идната година предвидува и повеќе пари за капитални прокети, но и помали суми за задолжување од годинава.

Ставката за плати и надоместоци за 2021 година е за над 24,5 милиони евра поголема од годинава. Буџетарите ќе потрошат и близу 6 милиони евра повеќе за патни трошоци и дневници. За греење, телефони и превоз ќе има за 12 милиони евра повеќе од лани. За договорни услуги буџетот за догодина превдидел за 72 милиони евра повеќе, за превиремени вработувања државата ќе потроши  два и пол милиони евра повеќе од годинава.

Планот на државата е догодина од даноци да собере речисиу 236 милиони евра повеќе од годинава што е всушност и главата забелешка на бизнис секторот за новито буџет.

Буџетот за догодина предвидува и 20% повеќе пари за капитални инвестиции од годинава кои треба да го поттикнат растот и тој да стигне до 4,1%. Фокусот на буџетот и догодина ќе биде здравството и поддршката на стопанството и најранливите граѓани.

Буџетот е веќе објавен на сајтот на Собрание и наскоро пратениците ќе треба да ја почнат расправата по него. Во предлогот има повеќе пари и за нив. Ставката за плати за Собранието е поголема за 875 000 евра, а за патни трошоци има 220 000 повеќе од годинава.