Невработеноста кај младите во земјава е висока и изнесува 40%, затоа тие си заминуваат од земјава, ги напуштаат селата и градовите, а истовремено многу приватни компании бараат кфалификувана работна сила. Токму овој проблем го индентификуваше УНДП и поддршката што ја дава ќе продолжи и во иднина, изјави претставничката на оваа организација на презентацијата на Оперативниот план за вработување
Годинава вработувањето ќе се стимулира со 1,1 милијарда денари особено на младите. Мерките се фокусираат на доквалификација, вработување на најранливите категории, поддршка за стартапите и иновативните бизнис идеи. Премиерот Зоран Заев, апелираше сите невработени, а особено младите да ги искористат можностите што ги нуди овој план
Новите работни места, како што појасни вицепремиерот Кочо Анѓушев, се планирани заедно со работодавачите, но и невработените.
Со Оперативниот план за 2019 година посебен акцент се става на младите невработени лица до 29 години, како и на корисниците на гарантирана минимална помош. Оваа година Оперативниот план ги опфаќа и физичките лица, нуди силна поддршка за самовработување, но и за отворање нови работни места, раст на платите, како и поддршка за вработување на лица со попреченост.
Со ОП 2019, меѓу другото, се овозможуваат обуки за побарувани занимања и занаети, за дигитални вештини, како и обуки за дигитални вештини. Исто така, се продолжуваат програмите „Практиканство“,„Општинско-корисна работа“ и „Јавни работи“.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска појасни дека преку планираните мерки се очекува да бидат опфатени околу 8.000 граѓани, од кои, како што рече, најголемиот број можат да бидат вработени.
Зголемувањето на сумата за годинава, било резултат на фактот што ланскиот план имал реализација од високи 95 проценти. Со него првпат беше воведена и „Гаранцијата за млади“, која продолжува и годинава. Лани преку оперативниот план биле вработени 7.370 лица, од кои, како што рече Анѓушев над 6.000 биле во приватниот сектор.
Comments are closed for this post.