На денешната владина седница е донесена Одлука за давање согласност за прифаќање на конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Македонија“ и го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Македонија“ – Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје – информираа од македонската Влада.

Според нив со оваа одлука Владата во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифаќа како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71% за „Пошта на Македонија“ со 29% за Халкбанк АД Скопје.

-На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансиската состојба на АД „Пошта на Македонија“ Скопје во услови на пандемија со КОВИД-19 и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје, и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година и ја донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради исплата на плати на вработените – велат од Владата.