Зоран Заев со измените во законот за тутун со кој дозволи увоз на тутун допринесе цената на домашното производство да падне под ниво на 2006 година. Поради Зоран Заев еден килограм тутун се продава по цена колку една кутија цигари. Трудот и маката на десетици илјади тутунари е потценет. Егзистенцијата на нивните семејства е доведена во прашање, изјави на денешната прес конференција Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Цела година предупредував дека до ова ќе дојде, но власта, иако ги знаеше последиците не мрдна со прст, од тука влечам само еден заклучок дека власта свесно ја девалвираше цената на тутунот. Па затоа прашувам кој треба да профитира од маката на тутунарите, кој ќе го јаде нивниот труд и пот?! 150 денари, цена по кој се продава тутунот е смешна и не дозволува да се подмират ниту основните трошоци на производство. Токму затоа повикувам на владина интервенција и веднаш да седне на маса со откупувачите, и да се овозможи нормални и фер цени, вели тој.

– Дополнително треба да се осигура пласман на околу 3 милиони килограми тутун, за кој нема договори за откуп и како што сега стојат работите најверојатно ќе скапува по таваните. Тоа е тутун за кој тутунарите потрошиле и пари и труд, а сега треба да го фрлат. Тоа е целосна штета. Ова што им се случува на тутунарите е целосна вина на Зоран Заев и за ова тој треба да понесе одговорност. Не може да остави десетици илјади семејства на раб на егзистенција и да продолжи да владее како ништо да не било. За ова Зоран Заев оставка веднаш!, додаде тој.