Општа констатација читајќи го Извештајот е дека речиси нема напредок во областа на економијата, во однос на извештајот кој се однесуваше на 2017 година на Европската Комисија, вели Трајко Славевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Славески вели дека  двата економски критериуми за влез во Европската Унија а тоа е функционална пазарна економија и оспособеност на економијата да се носи со конкурентските притисоци на економскиот пазар се далеку од тоа да бидат исполнети и Европската Комисија тука констатира дека е забележан речиси незначителен напредок.

Забелешките , констатира Славески,  одат најмногу во областа на структурата на јавните расходи, понатаму владините политики за поддршка на претпријатијата, финансиската помош некој структурни проблеми на економијата, некои политики на планот на растот на платите и слично.