На вработените од јавното препријатие „Комунална хигиена“ од Скопје ќе им биде исплатен регрес за користење на годишен одмор за 2016, 2017 и 2018 година.

Спогодбата за регулирање на начинот на исплата на К-15 беше потпишана денеска од страна на директорот на претпријатието Абдусамед Шабани и претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиство и заштитни друштва (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

Би сакал да го изразам своето големо задоволство од донесената одлука, имајќи предвид дека кон вработените во претпријатието повеќе од една деценија не била исполнета оваа законска обврска на работодавачите, изјави директорот Шабани, најавувајќи дека ќе настојува секоја наредна година вработените од претпријатието да добиваат регрес за годишен одмор.

Одлуката за исплата на К-15 беше донесена на 28 мај на седница на Управниот одбор на претпријатието.