Во првото тримесечје од годинава има 9.100 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем број на слободни работни места, односно 2.443 има за услужните дејности и продажба.

Според статистичките податоци, највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Највисока стапка на слободни работни места од 2,03 проценти имаат компаниите чиј број на вработени е од три до девет.

Во однос на регионите, највисока стапка на слободни работни места има Југозападниот регион со имаат 2,24 проценти.