Се зголемува увозот на половните возила во Македонија, покажуваат податоците на Царинската управа на Р.М. Според статистиката на царината, годинава во земјава внесени над 27. 000 употребени возила или 6.470 возила повеќе од лани. Најголем увоз е направен во октомври.  Во 2017 година вкупно биле увезени 31 486 возила, од кои 5446 биле нови , а 22 964 половни патнички автомобили.

На брифингот со новинарите Танаскоски информираше дека   заклучно со 26.11 2018 година Царинската управа ги оствари ( 78 430 00 милиони денари) и натфрли наплатените приходи во однос на цела 2017 година ( 78 214 00 милиони денари)

Заклучно со 21.12  2018 година, во 2018 година Царинската управа  по сите основи наплати вкупно 84, 94 милијарди денари, што е за 8,51 милијарди денари пповеќе, односно 11, 1% повеќе од 2017 година, кога беа наплатени 76, 43 милијарди денари.

Ова според царината претставува значителен успех при наплата на давачките во надлежност на ЦУ, а тоа се давачки при увоз(царина, данок на додадена вредност, акцизи, надоместоци ) и наплата на акзица не само при увоз туку и во  внатрешен промет.

Од идната година стартува и новиот царински софтвер , кој е според стандардите на Европската унија. Тој треба да помогне да се забрза и олесни царинењето на граничните премини, а заштедите на економските оператори би изнесувале околу 5 милиони евра.