Од Синдикатот на „Фени“ во Кавадарци се уште чекаат да заврши стечајот. Во писмената реакција до јавноста, пишуваат дека стечајната постапка се одолговлекла токму поради жалбите што ги поднесувале оние кои ја однеле компанијата во стечај. Во такви услови, работниците наместо да бидат вработени на неопределено време, морале да потпишуваат месечни договори за работа.

Згора на тоа излегоа информации точно како „Кунико“ го планирале стечајот и како планирале да не остават на цедило, сите доверители и нас вработените. Планирале стечај, го организирале тоа и на крај обвинуваат други за тоа. Избегаа во странство, оставија пустош и пак некој друг им е виновен, наведуваат од Синдикатот.

Оттаму јавно прашуваат, кој има интерес да се одолговлекува стечајот.