Зошто на врвот на ВМРО-ДПМНЕ му пречи праведно и фер оданочување кадешто оние што имаат најмногу ќе плаќаат повеќе од оние што имаат најмалку? Рамниот данок што го воведе владата предводена од Никола Груевски им дозволи на најбогатите да се богатат уште полесно, оставајќи го мнозинството граѓани на работ на сиромаштијата, да се мачи да ги задоволи своите основни потреби за живот, реагира СДСМ  на прес-конференцијата на Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија тврдат дека праведниот данок оди во прилог на целата економија и на сите категории граѓани.

Со воведувањето на прогресивното праведно оданочување, ќе бидат опфатени само еден отсто од најдоходвните граѓани, а истовремено во Буџетот ќе се слеат средства од 25 милиони евра, пари со кои ќе се финансираат мерки за намлување на сиромаштијата, велат од СДСМ.

Од партијата на власт во реакцијата додаваат:

Зошто на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ му пречи стабилен пензиски систем? Со минимална корекција на стапките на придонес за пензиско и инвалидско осигурување  и здравствено осигурување за вкупно 0,5 процентни поени ќе се избегне зголемување на старосната граница, а ќе се стави под контрола буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% токму заради неодговорните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, продолжува законското усогласување на пензиите два пати во годината, а се воведува и социјална пензија.