Опозицијата денеска повторно покажа дека е против порастот на платите во сите сектори, вклучително и во приватниот, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Платите пораснаа за над 2 илјади денари во изминатите 2 години и ќе продолжат да растат, тоа се економските политики на СДСМ кои даваат реален резултат. СДСМ испорачува резултати, а ВМРО-ДПМНЕ брани криминал, нема идеја ниту програма. Криминалната ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните и фирмите во долгови и сиромаштија, а економијата во минус од 1,8 отсто. Денес растот на БДП изнесува рекордни 4,1 отсто!
За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 година на 737 милиони долари во 2018 година. Тоа е јасно наведено во „Извештајот за инвестициите во светот 2019″ на Конференцијата на ОН“, се вели во соопштението на СДСМ.
Покрај инвестициите растат и платите, а позитивната економска клима резултираше со нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,8 отсто. За две години реализирани се 49.552 вработувања, доминантно во приватниот сектор.Преку бројни мерки како растот на социјалната помош, повратот на 15 отсто од ДДВ, зелената нафта, укинувањето на радиодифузната такса, намалување на сметките за парно, се повеќе завршуваат назад кај граѓаните, велат од таму.
Од таму додаваат:
„СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безидејноста, одбраната на криминал и деструктивно однесување“.
Comments are closed for this post.