Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски денеска одржа прес конференција на која се осврна на економските недостатоци кои, како што рече, веќе трета година ја опустошуваат македонската економија.

За тоа какви се реалните бројки на македонската економија, Мицкоски рече дека странските инвеститори кои што ги донесоа претходните Влади во Република Македонија, поради зголемените даноци во 2019-тата година одлучија да ја реинвестираат акомулираната добивка и останатите успешни економски параметри, и токму поради тие причини во 2018-тата година земјата имала солидно ниво на странски инвестиции.

Но, според Мицкоски, во вториот квартал во 2019-тата година, вкупното ниво на странските директни инвестиции кои што ги објави Народната Банка на Република Македонија е 7,6 милиони евра, а од почетокот на годината заклучно со 30-ти јуни, заклучно со вториот квартал во 2019-тата година нивото на странски инвестиции е 48,7 милиони евра. Во месеците мај, јуни имаме дури и одлив имаме негативно салдо на странските дирени инвестиции.

На пример за истиот тој период нашиот северен сосед Србија има 1,7 милијарди евра Словенија земја која што одприлика има ист број на жители како и Република Македонија има 561 милион, соседна Бугарија 286 милиони евра, додека пак Хрватска само во првиот квартал од 2019 година има 273 милиони евра директни странски инвестиции. Кога сме кај бројките соседна Србија има одприлика 543 евра по жител директни странски инвестиции во првата половина, Словенија 280 евра, соседна Бугарија нешто повеќе од 40 евра, а Македонија скромни 24 евра по глава на жител. Оваа е таа економска година оваа е таа инвестициска офанзива на странските инвеститори кои што доаѓаат во Република Македонија. Се разбира ова е само иронијата и економското фијаско на сега веќе дуото Заев-Анѓушев, рече Мицкоски.

Вториот параметар, додава Мицкоски, капиталните инвестиции од предвидените 420 милиони евра за оваа година во првите 7 месеци заклучно со 31 јули инвестирани се нецели 105 милиони евра или некаде околу 4 пати помалку од тоа што било предвидено на почетокот на годината.

Но што е тука проблемот. Реализацијата на капиталните инвестиции е на ниво од 24,5 проценти од планираните на почетокот на годината а буџетскиот дефицит, тоа е разликата помеѓу приходите во буџетот и расходите е 53 проценти од планираните на почетокот на годината. Имајќи предвид дека реализацијана на буџетот е 54 проценти што значи дека дефицитот го следи полнењето на буџетот или со други зборови, поедноставно, касата се полни но парите не се трошат за развој и не се трошат за капитални инвестиции, не дека не знаат, тоа е точно дека, не знаат како се води проект менаџер, туку парите кои што вие граѓаните и компаниите ги плаќаат го полнат буџетот се трошат за погрешните и популистички политики на оваа влада која што го приватизираше вашиот државен буџет, истакна Мицковски.

Понатаму, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше и бројот на работници во индустријата. Според податоците кои тој ги презентираше во месец јули бројот на работници во индустријата во 2019 година спореден со бројот на работници во индустријата во 2018 година е за 2,5% помал, а од почетокот на годината од јануари месец заклучно со јули месец 2019-тата бројот на работници во индустријата е за 1,2% помал отколку тој што бил за истиот период во 2018-тата година.

Мицковски, говорејќи за градежништвото рече дека тоа е уште една ставка каде што, како што рече, имаме економско цунами. Според него, заклучно со вториот квартал во 2019-тата година, извршените градежни работи од македонските компании во странство се за цели 88,5% помали од тие коишто биле извршени за истиот период 2018-тата година, а само во јуни месец 2019 година имаме за 1,5% помалку издадени одобренија за градење отколку во јуни месец 2018 година, а вредноста на објектите за коишто се издадени тие одобренија за градење е за 23% помала отколку за истиот тој месец во 2018 година.

Последениот економски параметар за кој зборуваше Мицкоски е информација којашто ја издава Управата за јавни приходи и ова е информација за периодот јануари и јуни 2019тата година.

Во периодот јануари-јули УЈП успеала да наплати  46,7 милијарди денари или тоа е за 8,57% помалку од планираните 51,1 милијарди денари, за тој период од годината. Или наместо зголемувањето од 9,02% сега имаме зголемување од 0,02% во однос на 2018 година. Што значи дека уште една лага на Зоран Заев, уште една лага на владата, уште една лага на министерството е разобличена со бројки коишто самите тие преку УЈП ги издаваат, рече Мицкоски.

Тој побара од УЈП и Владата, идентично, со бројки да биде демантиран со официјален документ од истата управа од која Мицковски презентираше документ. Дополнително побара одговор, во име на граѓаните, владата да каже каде се трошат парите.