Почнувајќи од 1 август жителите на Скопје ќе имаат намалени трошоци за парно. Тоа значи пониски сметки за вкупно 53.000 потрошувачи, кои се приклучени на централниот систем за греење.

Од овој месец сметките за топлинска енергија за корисниците на БЕГ се намалуваат за 6 проценти. Цената за топлинска енергија на територија на Град Скопје во изминатиот период никогаш не била толку намалена. Ова се пари кои секој месец остануваат во семејниот буџет. Зборот важи. Ги враќаме парите кај граѓаните, велат од СДСМ.

Граѓаните на Општина Центар, како дел од Град Скопје, кои во најголем број користат парно греење, добиваат квалитетни услуги за попристапни цени. На овој начин исто така се мотивираат што повеќе домаќинства да се приклучат на централното греење, односно да преминат кон поеколошки начин за загревање на своите домови.

Во духот на социјалдемократијата, продолжуваме да работиме за доброто на граѓаните. Го зголемуваме семејниот буџет и придонесуваме за почиста животна средина