Јавноста, граѓаните, ги препознаваат испорачаните резултати, препознаваат дека за разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите завршуваа во белиот дворец, денес се повеќе пари завршуваат во семејните буџети и во реални мерки и политики што го поттикнуваат економскиот раст и развој, велат од СДСМ во реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. 

Успешноста на економските политики на СДСМ  и Владата кој ја предводи се потврдуваат преку раст на СДИ кои само за една година пораснаа за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 година на 737 милиони долари во 2018 година“, стои во реакцијата од владејачката партија.

Од таму додаваат дека денес во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во Индустриските зони и надвор од нив со проектирани над 4.800 вработувања, а растот на БДП изнесува рекордни 4,1 отсто.

Платите растат во континуитет, а позитивната економска клима резултираше со нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,8 отсто.Колку и да е тоа несфатливо во ВМРО-ДПМНЕ, денес се гради како никогаш досега“, велат од СДСМ.

До овој момент, додаваат дека изградени и рехабилитирани се  преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.

Владата предводена од СДСМ, во овој момент инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура, а истовремено се гасифицира цела држава, се градат нови водоводи и канализации. СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезедуваат економски напредок.