Обемот на трговска размена меѓу Русија и ЕУ значително се зголемува од почетокот на 2017 година, изјави денес Владимир Чизов, амбасадорот на Руската Федерација во Брисел. Овој тренд е забележан и покрај воведените санкции од двете страни пред четири години.
Од почетокот на 2017 взаемната размена меѓу Русија и земјите од Европската унија покажува тренд кон динамичен раст кој се стабилизира годинава, изјави амбасадорот за „Известија“.
Тој се повика на статистички податоци кои покажуваат дека во првите три квартали на 2018, трговската размена меѓу Русија и ЕУ е зголемена за 21 процент споредено со истиот период лани. Рускиот извоз во земјите на ЕУ е зголемен за речиси 30 проценти, додека увозот е 7.4 проценти.
Чизов додал дека размената веќе е поголема од таа регистрирана во 2014 година кога се воведени санкциите.
Главен производ кој учествува во размената се руските енергенси.
Comments are closed for this post.