Русија е земја која купи најмногу злато во првиот квартал од 2019 година, според податоците од Светскиот совет на злато (WGC).
За првите три месеци од тековната година, Русија купи 145,5 тони злато. Ова е за 68% повеќе од истиот период минатата година. Така, руските девизни резерви на благородни метали се зголемија на 489,5 милијарди долари.
Меѓу другите најактивни купувачи се Кина, Казахстан, Турција, Еквадор, Колумбија и Катар. Главната причина за растот на купувањата на златото е дека државите сакаат да ја намалат својата зависност од американскиот долар.
Comments are closed for this post.