Комисијата за заразни болести реагира на соопштението од Независната угостителска комора, кои велат дека ќе било подобро доколку Владата наместо да и удоволи на Комисијата за заразни болести теба да излезе во пресрет на барањата на Директорот Стојко Пауновски да се зголемат ингеренциите.

Зачудени сме од нападите и квалификациите кон Комисијата за заразни болести од страна на Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите. Протоколите се на сила повеќе месеци и Комората досега немаше проблем со истите, напротив го поздравија и се согласија со нивното носење- стои во соопштението од Комисијата за заразни болести.

Препораките за новите мерки, неведуваат оттаму, целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со ковид-19.

Трансмисија на вирусот се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави. При тоа, новите мерки и малата промена на протоколите апсолутно не го ограничуваат работењето на угостителските објекти кои и досега можеа да работат, туку превенираат поголеми собири и настани- стои во соопштението од Комисијата за заразни болести.

Дополнително, потенцираат оттаму, во целиот свет и Европа во моментов има есенски бран каде меѓу првите мерки е целосно затварање на баровите и рестораните, а на многу места веќе има нови вонредни состојби.

Целта на Комисијата за заразни болести е со помеки мерки, а не преку целосно затворање на угостителските објекти да се намали ризикот за ширење на вирусот, а индустријата да може да работи. Искрено се надеваме дека ќе имаме и понатаму успешна соработка и разбирање за одлуките бидејќи тие се исклучиво во насока на заштита на јавното здравје- наведуваат во соопштението.