Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој за растот на македонската економија за годинава е два отсто. Во извештајот за економските перспективи, ЕБОР за 2019 година предвидува раст на БДП од три проценти.
Во делот за Македонија, Банката наведува дека се забележува умерено раздвижување, но се уште помало од вкупниот раст на регионот.
ЕБОР предвидува раст во регионот на ЈИЕ од 3,5 отсто. Највиок се прогнозира во Србија и Црна Гора од 4,2 отсто, Албанија и Косово по четири, Бугарија 3,6 отсто, БиХ три и во Грција од 2,2 отсто.
Претходно, Светска банка објави дека растот на македонската економија годинава ќе биде 2,5 отсто, а според ММФ 1,6 отсто. Владата го ревидира растот на БДП на 2,8 отсто, а Народната банка на РМ на 2,3 отсто..
За министерот за финансии Тевдовски, Народната банка на Република Македонија е кредибилна и независна институција чии проекции не сака да ги коментира. Според него, важно е што немаме значителни разлики во позитивните проекции за забрзување на растот во 2019 и 2020 година
За годинава со ребалансот на Буџетот Министерството за финансии ја намали проекцијата за економскиот раст на 2,8 проценти, но и други институции се блиски до нас како што е Светска банка која има проекција од 2,5 проценти раст. Ако ја гледаме во детали проекцијата на НБРМ тие сметаат дека негативниот прилив на инвестициите ќе продолжи оваа година, а во 2019 и 2020 година ќе биде позитивен и значаен, рече Тевдовски
За мене е клучно што и овие проекции од 2,3 проценти и од 2,8 проценти зборуваат дека во Македонија може да се оствари економски раст којшто е движен од приватниот сектор, бидејќи во изминатата декада апсолутно растот беше движен од неефикасни проекти од државна интервенција, како споменици, жални врби и фасади.Сега покажуваме дека може да биде поинаку и оти има амбиент во којшто приватниот сектор може да обезбедува раст со активирање вакви проекти кои ќе значат поддршка на економијата, рече Тевдовски
Comments are closed for this post.