Власта ја задолжи државата за  скоро 400 милиони евра за 9 месеци.  Откако СДСМ ја презема власта, долгот  не престанува  да се зголемува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија секое едно семејство во државата е задолжено со 720 евра за само 9 месеци. Тоа се како што истакна партискиот портпарол Димче Арсовски. пари кои со камата ќе ги враќаат идните генерации.

Ова се скоро 400 милиони евра кои власта ги зема без покритие, без со нив да се финансира дефицит или капитални инвестиции кои и онака се на историски најниско ниво. Ова  се пари за кои власта  не кажува  на што се трошат. Ова се пари практично кажано фрлени низ ветер, рече Арсовски.

Тој додаде дека СДСМ, партија која ветуваше намалување на задолжувањето од опозиција, сега од позиција на власт не само што не го намали, туку и го зголеми.

За првпат во историјата на државата јавниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра,  додека пак државниот долг од над 4 милијарди евра, потенцираше Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ заклучи:

И додека долгот достигнува  астрономски размери нема  ниту инвестиции, ниту проекти.