Сите вработени во фабриката „Гентерм“ во Припеп се пуштени дома откако еден од вработените бил позитивен на корона вирусот, дознава „ПресингТВ“. Меѓу вработените владее страв бидејќи никој не знае во кој оддел работел заразениот и дали можеби тие се носители на вирусот.

На работниците од денеска им било кажано да не доаѓаат на работа и дека дополнително ќе бидат информирани дали ќе бидат тестирани.

Дополнителна грижа за работниците претставува тоа што дома заминале без никаков договор или гаранција дали и кога ќе се вратат на работа и стравуваат за своите работни места.