Во интервју за „Фактор“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека ако Владата ја спроведе реформата во пензискиот фонд осигурениците нема да загубат ниту денар, а државата ќе добие пари.

Ќе зборуваме за пензискиот систем, но од овој аспект сметате ли дека ФЗОМ е загрозен?

Ваков каков што е, нема да може да издржи. Затоа што едноставно, трошоците се зголемени повеќепати, а од друга страна нема ребаланс, не гледаме дека некој се грижи да го засили буџетот на здравствениот фонд. Единствено нешто што се случува е да се обидеме да добиеме некаква донација од странство. Практично, засилувањето на капацитетите на здравствениот систем во државата се темели на милост. Дали некој ќе ни донира. Не се темели на некоја стратегија која што требаше веќе да ја имаме, вели Мицкоски.

Ви замеруваат дека тоа е извесна национализација на овие срдства, а парите се на осигурениците.

Осигурениците нема да изгубат ниту дени. Моментно државата носи мерка каде што наместо парите да ги става во две купчиња, ќе ги става во едно, потенцира Мицкоски.

Таа пензиска реформа беше носена на времето во соработка со Светска банка и кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

На ваков начин ќе обезбедиме ликвидност, ние сега треба да преживееме. Прашањето е ако продолжиме вака дали ќе дочекаме пензија и дали воопшто ќе имаме можност да ги користиме тие средства.

Трета работа која исто така е во функција на ликвидност во буџетот. Да се свикаат сите банки во државата, да им се каже дека на државата и требаат пари. Гуверенрката еднаш ја намали основната каматна стапка, може тоа да го направи и дополнително со што благајничките записи на Народната банка ќе ја намалат атрактивноста. На сметка на тоа државата ќе објави едногодишни хартии од вредност со поголема каматна стапка од благајничките записи. Дел од овие 25 милијарди што се во записи ќе ги запише државата на свое конто и на тој начин ќе обезбеди барем половина милијарда евра, кои што во овој момент се важни. После ќе биде полесно за економијата.

И уште нешто, сметаме дека потребна е веднаш безусловна реализација на капиталните инвестиции, да се обезбеди работа. Тоа е оној план кога вие имате услови на криза и  морате да ја зголемите потрошувачката да обезбедите повеќе пари онаму каде што е трудово интензивна дејноста. Морате капиталните инвестиции да ги интензивирате за да се создаде еден вид на спирала на потрошувачка. Тоа е она кое што ние го бараме, смета Мицкоски