За прв пат досега, цените на американската сурова нафта станаа негативни. Имено, побарувачката за сурова нафта драстично опадна како резултат на замрзнувањето на економската активност во голем број земји поради пандемијата на коронавирусот.
Цената на референтната американска марка на нафта Вест Тексас Интермедиет (ВТИ) денес прво падна до 50%, на износ од само 9 американски долари за барел, што е најниска цена од 1998 година и најголем дневен пад од 1982 година, пренесува Бизнис инсајдер.
Но во меѓувреме овој пад продолжи и понатаму и, во еден момент, ВТИ падна под 5 долари, а потоа и под 3 долари за барел. Ова, пак, значеше пад од дури 84%, на најниско ниво од почетокот на тргувањето со т.н. фјучерси, или идни договори за набавка на овој нафтен бренд. Тргувањето почна во 1983 година.
Просечната цена на суровата нафта ВТИ по барел во 2019 година беше 57 долари, а во 2018 година 64 долари.
Comments are closed for this post.