Регулаторна комисија објави калкулатор за граѓаните сами можат да проверат колку трошат и плаќаат сега за струја, а колку ќе плаќаат за истата потрошувачка кога плаќањето ќе биде по блокови. Споредбата на сметки се прави онлајн. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна, даде и објаснување.

Евтината струја нема да влегува во блоковите. Во наредниот период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, тие единствено можат да одат во насока за зголемување на опсегот на блоковите. Имаше доста дилеми во јавноста, на најголем дел ќе излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми, рече Бислимовски

Професорот Рубин Талевски го презентираше калкулаторот.

За да пресметате тука: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (erc.org.mk)