Премногу е, цените на горивата се и до 113.5 денари, народот плаќа за власта да краде.

Цените на горивата се на историски максимум, и тоа не е заради цената на светските берзи, туку заради високата акциза од која власта не сака да се откаже.

Од денеска дизелот се продава по цена од 107.5 денари, а бензинот БС 98 по цена од 113.5 денари, тоа се највисоки цени на горивата до сега. И тоа е само затоа што СДСМ и ДУИ откако се на власт во 4 наврати ја зголемуваат акцизата.

Доколку СДСМ и ДУИ го поддржеа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на горивата за 50%, тоа врз буџетот ќе имаше импликација од 50 милиони евра, а за народот ќе значеше и до 25 денари поефтини горива.

За 25 денари поефтини горива ќе значеа повеќе пари кај граѓаните, поефтин транспорт и пониски цени на производство во индустријата и земјоделието.

Но СДСМ не сака да се откаже од 50% од акцизата затоа што сакаат повеќе пари во буџетот за матни тендери. Премногу е, протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.