Цената на нафтата порасна денеска откако во претходните сесии падна на речиси петмесечниот минимум, но расположението и понатаму е безнадежно заради растот на залихите на САД и застојот на глобалната економија.
Цената на северно морската нафта „брент“ порасна за 60 центи или 1 отсто, на 61,23 долари за барел, а америкаснската „лесна“ нафта за 18 центи или околу 0,35 отсто на 51,86 долари, пренесува Ројтерс.
Двете врсти нафта вчера се спуштија на најниско ниво од средината на јануари, на 59,45 долари и 50,60 долари, респективно, во време на зголемени залихи на САД и рекордното производство.
Истовремено, сигналите за успорување на глобалната економска активност се интензивирани последните месеци, посебно со трговските тензии помеѓу САД и Кина, двајцата најгоеми потрошувачи на енергија во светот.
Производството на сировата нафта во САД порасна на рекордни 12,4 милиони барели дневно во неделато до 31 мај, соопшти вчера американската Управа за енергетски информации. Залихите на сировата нафта во САД скокна за 6,8 милиони барели во истата недела на 483,26 милиони барели, што е најголем раст од јули 2017 година.
Слабиот раст на глобалната економија врши притисок и на респективното побарување на нафтата, заради што банката „Морган Стенли“ ја намали својата прогноза за растот за побарување на нафтата за 2019 година од 1,2 милиони барели дневно н 1,0 милиони барели.
Comments are closed for this post.