Oд вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0,75 отсто, објави Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0,5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68 денари.
Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70, додека еден литар дизел ќе чини 62 денари.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.
Comments are closed for this post.