По доцнење од речиси два месеци, денеска заврши комисиската расправа за финасиска помош на граѓаните и фирмите погодени од ковид пандемијата. Откако албанската опозиција ги повлече илјадниците амандмани на законите и ВМРО-ДПМНЕ го одблокира нивниот Закон за државјанство, Комисијата за финансирање и буџет ги донесе двата клучни закони од петтиот пакет.

Финансиска помош од 17.400 денари ќе добијат физичките лица кои вршат самостојна дејност за месеците февруари и март ако претходно имале загуби. Тие ќе имаат обврска да ја вратат 50 отсто од помошта доколку не инвестираат во наредните месеци. Парична помош од минимална плата по вработен за февруари и март ќе добијат и фирмите. За овие мерки ќе може да се аплицира до 30 април.

Опозицијата бараше зголемување на обемот на мерките, а парите да ги добиваат директно вработените.

Беше потврдена и мерката од 4 пакет за еднократна парична помош од 6.000 денари за посебни социјални категории на граѓани. Тие за оваа помош ќе може да аплицираат до 30 мај.

Од ВМРО-ДПМНЕ побараа сите овие мерки уште денеска да се најдат на седница за тие веднаш да стапат во сила. Од власта пак, ја обвинуваат опозицијата дека иако го одблокирала процесот за 5-тиот пакет мерки, се уште блокира други закони.

Од кабиентот на Џафери се уште нема известување кога ќе биде закажана пленарната седница за економските мерки.