Охридското Езеро е порибено со подмладок на јагула од типот „Европска јагула“. Пуштени се 29.421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми.

Акцијата е дел од општествена одговорност на ЕСМ како компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје, согласно со водостопанската дозвола добиена уште во 60-тите години на минатиот век, наведуваат во соопштението и дополнуваат дека оттогаш спроевдуваат акции за порибување за одржување и збогатување на живиот свет во езерото.

Акција, во вредност од седум милиони денари, ја спроведе АД Електрани на Македонија, а како што велат оттаму со ова ќе ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем на езерото.

Од компанијата додаваат дека запазени се законските прописи, преку распишан тендер, при што се запазени и сите процедури за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото.