Дали новото име создава или ќе создава проблеми со извозот на македонските производи на странските пазари?  Ова прашање се поставува по информациите кои се појавија во јавноста дека Русија ги враќа македонските камиони поради документи со името Северна.

Контактиравме неколку институции засегнати во врска со извозот на македонските производи.

Билјана Муратовска од здружението на превозници Макам транс вели дека слушнала за овие инфорамции, односно  дека има проблем со сертификати, но  и дека истовремено чекаат одговор од МНР и Државниот инспекторатот за земјоделство .

Засега само еден камион е излезен од земјава  на релација кон Русија и дека останатите камиони чекаат поради страв да не бидат вратени, вели во разговор за Пресингтв, директорот на  државниот земјоделски инспекторат Благој Индов.  Проблеми со вратени  македонски камиони нема вели Индов. Пратен  е допис  до Руската федерација дека декларациите се со име Република Северна Македонија, а сертификатите со Република Македонија, се додека не се среди проблемот со употребата на новото име.

Од Царинската управа на информациите  дека Русија ги  враќа македониски камиони, велат дека се “fake news“.

Од  Руската амбасада со став  дека  немаат  информации за вратени камиони, но и дека  тоа се односи меѓу приватни субјекти.

Од Македонско – Руската стопанска комора велат дека  ваквите вести  се шпекулации и  дека има само информација дека евентуално може да се појават  проблеми.

Инаку во Русија, најмногу извезуваме вино, овошје и зеленчук, но присутна е и со фармацевтската и машинската индустрија.