Од 1 март нема да има замрзнати цени, туку замрзнати маржи, пред се, на увезените странски производи во трговијата. Тоа ќе се однесува главно на основните прехранбени производи.
Ова денеска пред новинарите го најави министерот за економија Крешник Бектеши.
– Ќе се оди со дефинирање на одредени профитни маржи и во трговијата на мало и на големо за производите кои се увезуваат во Македонија. Нашата забелешка е дека кај производите што не ги произведуваме, односно ги увезуваме, има поголемо зголемување на цените и според тоа ќе се оди најверојатно со опцијата на маржите, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање.
Миинистерот претходно најави дека маржата ќе може да се фиксира така што ќе се следат фактурите на трговците доставени при увоз до Царинската управа и ќе се следи ланецот на набавка до самите маркети, а таа нема да може да биде поголема од 5 отсто.
Comments are closed for this post.