Покачувањето на минималната плата на 18.000 денари и повратникот од Германија кој рече дека тие пари се доволно за еден нормален живот го предизвика револтот кај граѓаните.

Исто прашање од новинарите доби и денес премиерот при посета на
производствениот погон на компанијата „Текспорт“ во Илинден, заедно со
министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Дали во оваа фирма има некој од Германија или Швајцарија што се вратил за 18.000
плата“, го прашаа премиерот, на што тој смирено одговори:

Да бидам искрен не знам, разговарав со директорката и дел од вработените во
некои од погоните, но не разговаравме за тоа кој од каде потекнува и кој каде бил во
својата професионална кариера пред да биде вработен во оваа компанија, рече
смирено Ковачевски.