Задолжувањето на државата стана секојдневна практика на оваа власт, а нема никакви резултати од тоа. Економијата бележи само раст на задолжувањето, а пад на проекциите на БДП, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Веќе за идната недела оваа влада најави ново задолжување и тоа од најмалку нови 3,3 милијарди денари односно околу 53,6 милиони евра. Оваа аукција на државни хартии од вредност е најавена за 16-ти октомври.Во рок од три недели наназад оваа власт веќе по истиот основ ја задолжи за 102 милиони евра, рече портпаролот на партијата Димче Арсовски.

Тој додаде дека јавниот долг веќе достигна 48,8% од проектираниот БДП.

Ако на ова се земе фактот дека растот на БДП ќе биде помал од проектираниот, односно од 3,2% ќе заврши само на околу 1,2% тогаш бројките стануваат загрижувачки, потенцираше Арсовски.