Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски откри нови детали за договорот со „Бектел и Енка“. Тој обасни дека се работи за план 11 од договорот што се однесува за бројот на работници и план за работа. Во него е дефинирано колку работници ќе работат на автопатот и колку од нив ќе бидат од странство, а колку домашни.

Согласно договорот, од вкупниот број работници, 30 отсто ќе бидат домашни, а 70 отсто странци. Што значи дека 70 отсто од парите што македонските граѓани ќе ги дадат за изградбата на автопатот ќе одат надвор од државата. Наместо да се вработуваат домашни луѓе, Македонија ќе вработува странци.

А премиерот лаже дека најмалку 51 процент ќе бидат домашни работници. Пред мене ги имам точните податоци по година и по класификација на работници, каде што јасно може да се види дека 70 отсто ќе бидат странци-вели Николоски за „Фокус“.

 

Уште поголем проблем е што за сега некој да дојде да работи во Македонија , треба да добие работна дозвола и дозвола за престој.

Само за работниците на автопатиштата на „ Бехтел и Енка “ ова нема да важи, односно тие ќе можат да работат првиот ден откако ќе стапнат на македонско тло, додека ги чекаат соодветните работни дозволи и виза.А тоа значи дека можеби и нема да ги добијат. Затоа што е можно некој што има нечесни работи кон државата од безбедносен аспект, на пример. Истиот да се инфилтрира во државата, да работи шест месеци и по шест месеци, барањето за работна дозвола да му биде одбиено. А, во тие шест месеци можеме само да сонуваме какви проблеми тоа лице ќе направи. Ова е уште едно кршење на законите