Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во радио „Лидер“ зборуваше за целата ситуација во државата и посочи дека му фрла ракавица на Заев ако е сигурен дека ќе победи на избори, нека поднесе оставка и за 45 дена да има избори и да се видат какви се резултатите.

Видов вчера една изјава на Зоран Заев каде што коментира што би се случило доколку утре има избори, но во исто време вели дека нема план да поднесе оставка и дека не сака да оди на избори, па му фрлам ракавица од овде ако е сигурен во тоа што го вели дека ако резултатите се такви нека поднесе оставка да одиме за 45 дена на избори, тоа е најкраткиот рок, па да видиме дали се такви резултатите. Или второто што ние го предлагаме како концепт е да поднесат оставка, да се формира влада на национално единство или национален спас која што треба да ја извади Македонија од најголемата криза во која што е западната откако е самостојна држава, да добие таа Влада една широка поддршка од сите политички структури во Македонија и после тоа да одиме на предвремени парламентарни избори, па да видиме какво е расположението на народот, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски во своето гостување зборуваше и за рудникот „Иловица“ каде посчи дека тој неколку пати објавувал за овој рудник. Според него интересно е што се случува промена во сопственичката структура.

Јас мислам дека првите луѓе на опозицијата треба да објавуваат скандали за работењето на власта и знам дека на власта тоа не и одговара и водат две контра кампањи, една е, а што ќе направите вие и втората е лажни вести. Јас почнав интензивно да објавувам за рудникот „Иловица“ кои се однесуваат на промена на сопственичката структура во потенцијалниот рудник и сакам да кажам дека од еколошки причини јас сум против отварање на рудникот Иловица во месноста Иловица-Штука. Јас мислам дека тој рудник таму на начинот на кој е замислен ќе ја уништи пошироката околина. Тоа што е интересно е што Зоран Заев декларативно пред избори исто така беше против отварање на рудникот, но некако сега молчи. Интересно е дека се случува промена на сопстевничката структура паралелно со промена на сопственичка структура наеднаш вишиот управен суд решава дека треба да ја прифати жалбата на сопствениците на Иловица со цел таму рудникот да почне да работи. Јас ги изнесував тие податоци. Некаде во април месец минатата година Иловица е купена од фирма која што е регистрирана на Кајманските острови, е регистрирана во куќа од 4 ката и во која се регистрирани дополнителни 20.000 фирми. За истата куќа поранешниот претседател на САД, Обама кажа дека или се работи за најголемата куќа во светот или се работи за најголемата шема за перење пари. Секако дека е второто и компанија со таков сомнителен капитал и без до крај јасен сопственик го купува рудникот и за тоа добива дозвола од комисијата за заштита на конкуренција која е владина комисија и откако се случува тоа еве судот почнува да прогледува и да пресудува во корист на отварање на рудникот, потенцираше Николоски.