Исклучените домаќинства од системот за парно греење се уште добиваат паушални сметки за топлинска енергија. Се чека студијата на МАНУ, а потоа Регулаторната комисија за енергетика ќе ги изготви новите правила за користење на топлинска енергија.

Доколку е потребно регулаторот вели дека повторно на заедничка маса ќе ги седне здружението граѓани кои протестираат поради тоа што плаќаат за услуга која не ја користат и претставници на Балкан Енерџи Груп. Иако граѓаните добија ветување од владата дека сметки нема да добиваат во 2018 година , сепак  тоа не е решено и на стартот од новата 2019-та.