Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Авдуљ Селам Селами, денеска во рамки на едукативната кампања за ИПАРД II 2014-2020 Програмата беа во посета на Куманово и Крива Паланка.

Како што соопшти МЗШВ, Николовски и Селами заедно со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ги запознале земјоделците со ИПАРД II Програмата што е поддржана преку мерката за Техничка помош од самата Програма, односно со процедурата за поднесување барања, изработка на проекти и со бенефитите што ги нуди оваа програма.

Првиот јавен повик за ИПАРД  II  Програмата во 2017 година започна со вкупен износ од 80 милиони евра наменети за развој на земјоделството и руралниот развој.