Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство работат во насока на големување на органското производство, како и подигање на јавната свест за значењето на ова производство во севкупната исхрана на луѓето. Ова денеска го истакна министерот Љупчо Николовски, кој присуствуваше на завршниот настан организиран од швајцарската амбасада, заедно со амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Зутер Техада.

За таа цел како што кажа, преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, се нудат мерки кои ќе го поттикнат развојот на органското производство. Субвенциите за примарното органско производство од оваа година се зголемени на 81 милиони денари. Поддршката во зависност од органската културата е до 100 отсто повисока од субвенциите наменети за конвенционалното производство, изјави Николовски“.

МЗШВ неодамна го стави во функција Регистарот на органски производители. Паралелно, како што наведуваат од министерството, интензивно се работи на промоција на македонските органски производи и мотивација кај младите земјоделци да се вклучат во овој сектор. Така, во новиот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци од Програмата за Рурален развој предност ќе имаат оние кои што ќе одлучат да се занимаваат со органско производство.