Организаторот на денешниот протест пред Влада, Даниел Сидовски, кој е претставник и на музичката фела, се закани со нов протест доколку нивните барања не бидат прифатени.
Бараме специјални протоколи за одржување на свадби и музички настани. Ако не не прими Заев, на 11 октомври ќе имаме уште еден протест. Тогаш ќе има и од сите градови од Македонија. Тогаш ќе излеземе со сите наши инструменти. Мора да се избориме со ова. И Заев си го бараше правото со спиење на улици. И ние имаме деца за хранење – вели Сидовски.