По свечената церемонија на означување на стартот  на изградбата на новата компанија во ТИРЗ Скопје 1, каде директорот на Дирекцијата Младеновски изјави дека таму ќе се вработуваат негови блиски и пријатели, стигна дообраснување дека тој бил  погрешно бил сфатен.

Би сакал да потенцирам, со цел да не бидам погрешно протолкуван за моето денешно обраќање во употребената фраза ,,мои пријатели ќе работат во оваа нова компанија”. Koга го споменав тоа мислев на моите пријатели, врсници или луѓе на помлади години кои се подготвени за работа, а тоа се младите луѓе од нашата земја кои наместо да ја напуштат ќе имаат прилика да останат тука и да работат и заработуваат во сопствената земја. Приватниот сектор нуди можности, ги повикувам сите млади луѓе да се интересираат за работните места во бизнис секторот и за можностите на инвеститорите, вели Младеновски во своето објаснување

Вчета во својот говор  Младеноски истакна дека се радува за инвестицијата и дека за неколку месеци , на тоа исто место ќе работат луѓе кои се негови пријатели и блиски.