-Сите веќе се навикнавме со внимание да ги следиме здравствените билтени. Ќе помине веројатно уште една недела кога ќе почнеме да ги следиме и билтените на економските движења и можностите и шансите пандемијата од Корона вирусот да не се одрази катастрофално во светот, бидејќи мала Македонија 70% од својот БДП го остварува преку стоковата размена со светот, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ генералниот менаџер на „Костал“, Виктор Мизо.

Во Македонија состојбата може да биде и позитивна и негативна. Постојат компании кои им дадоа неплатен одмор на вработените додека не помине кризата со пандемијата.

Запрашан дали е можно да се работи во вакви услови, бидејќи странските партнери во ТИРЗ се ориентирани кон автомобилската индустрија која е во слободен пад, и прогнозите за евентуалните сценарија за последиците од Коронавирусот, Мизо изјави дека кризата со овој вирус во автомобилската индустрија започнал пред девет недели.

-Сите оние ланци на добавување, особено во Кина, Азија почнаа да затвораат и ние (Костал) имавме проблеми како да ги обезбедиме основните компоненти. Имавме големи трошоци за транспорт и во многу слуачеви тие компоненти требаше да ги купуваме од европски дистрибутери по многу високи цени, се со цел да не го затвориме прозиводството на нашите клиенти кои се произведувачи на возила на европскиот пазар. Ние како компанија имаме производство наменето за кинескиот пазар – пред се за БМВ и Мини. Се тоа во Кина се затвори. Од таа гледна точка веќе во февруари имавме намалување на нашето производство за повеќе од 10%. Но веќе во март ова намаллување ќе достигне 50% од планираното. Во моментов сите компании кои произведуваат возила во Европа се затворени. Минатата недела започна тој бран на затворање и конечно оваа недела се е затворено. Е сега ние имаме производство за кинескиот пазар, она што не работеше во изминативе речиси 10 недели, рече Мизо.

Првенствено мора да се најде начин да се задржи работната сила, а дополнително се очекуваат плус мерки од Владата.

-Отпуштања нема да има. Без разлика дали работниците се на определено или неопределено време. Ќе дојде и времето кога ќе треба да се вратиме во целосно производство. Според мене основно сега е да си ја задржиме работна сила, бидејќи досега имаме вложено многу во нивните капацитети и знаења. Ако сега ги отпуштиме кој ќе ни гарантира дека после три или шест месеци тие се уште ќе бидат присутни на пазарот на труд или дека ние ќе ги донесеме кај нас. Можеби ќе отидат во друга компанија. Така што задржување на вработените во овој момент е многу важно иако ова се трошоци за нас како компании.

Очекуваме да видиме со какви дополнителни мерки ќе ни излезе во пресрет Владата, бидејќи сите наши сопственици не се во Македонија, голем дел се во Европа или во САД и тие ќе споредуваат каде и на кој начин државата им помогнала. треба да размислуваме како држава дека можеби е ова една можност и шанса кога ќе заврши кризата, ако ние сме се справиле подобро, со сета оваа помош и поддршка на компании, да поентираме. Да ги прошириме посоечките компании, бидејќи Македонија би била подобро позицинирана да помогне на овој сектор, изјави Виктор Мизо, поранешен директор на ДТИРЗ.