Во месец јули на дебатата во МТВ, Зоран Заев со поглед кон камерите, т.е во очите на граѓаните најави 5 нови странски инвестиции коишто требаше да се случат најкасно во септември. Вети и излажа, напиша на Фејсбук, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Понатаму тој пишува:
Денес сме месец ноември. Нема ниту една странска инвестициja. Ја нема ниту IKEA, исто како што ги нема и Google и Facebook.
Додека соседните земји имаат мултимилионски инвестиции, Македонија останува црна дупка на картата на странските инвеститори. Нема странски инвестиции, ама има:
❌за 7 месеци 46 илјади новоневработени;
❌по 1000 новозаразени дневно од #COVID;
❌по 20 луѓе кои умираат поради неспособната Влада;
❌долг од 2 милијарди евра;
❌со нови 4 илјади евра е задолжено секое семејство

Во месец јули на дебатата во МТВ, Зоран Заев со поглед кон камерите, т.е во очите на граѓаните најави 5 нови странски…

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, November 5, 2020