Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку  Твитер  упати критики кон актуелната власт, поради најавената плата од 500 евра.

Едно од клучни ветувања на премиерот Заев беше 500€ просечна плата. Согласно ДЗС таа во првиот квартал од 2019 изнесувала 24 433 денари, што е за нешто повеќе од 5 проценти помалку од декември 2018. Оваа Влада блеска со измамите, како оваа дека ќе има 500€ просечна плата“, вели Мицкоски.