Ребалансот на буџетот на Република Македонија за 2019 година ја покажува неефикасноста на институциите водени од Владата предводена од Заев и СДСМ, објаснува Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ
Според него, кратењето на средства за капитални инвестиции очигледно е главната одлика на владеењето на СДСМ. Па така, со овој ребаланс се кратат 53 милиони евра за капитални инвестиции поради неспособноста и неефикасноста истите да се реализираат.
Ова е доказ дека власта нема капацитет да ги води инвестициите и да инвестира средства во капитални проекти како што се градинки, болници, студентски домови, железница, водоснабдување и други проекти туку парите ги распределува во популистички мерки кои имаат за цел да манипулираат со гласачкото тело во предизборна година.
Comments are closed for this post.