Финска, и покрај пандемијата на коронавирусот, повторно и тоа четврта година со ред е најсреќната земја на светот и го зазема првото место на оваа листа на Обединетите нации, а Македонија е најнесреќната во регионот меѓу 149-те земји, објавено е во петокот во пресрет на Светскиот ден на среќата.

Во светот пандемијата на Covid-19 однесе два милиона животи минатата 2020 година, а тоа е речиси 4 отсто повеќе во однос на вообичаената смртност на годишно ниво. Во извештајот се наведува и колкава е економската цена од пандемијата и цената по менталното здравје на населението.

Пандемијата нѐ потсетува на глобналните закани за околината, на итната потреба од соработка и тешкотии во постигнувањето во секоја земја и глобално“, наведува еден од авторите на истражувањето Џефри Ди Сахс од Центарот за одржлив развој при Универзитеот Колумбија.

Табелата на среќата се заснова на статистичките податоци од истражувањето на Gallup, за тоа колку самите граѓани се чувствуваат среќни. Индексот на среќата се темели на фактите како што се бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, очекуваниот животен век на граѓаните, слободите кои ги уживаат, перцепцијата на корупцијата во владата и економските субјекти.

Македонија го зазема 94-то место, и е најслаба во соседството и споредено со земјите од поранешна Југославаија, а најблиска ѝ е Црна Гора на 72-то место, Босна и Херцеговина е 64-та, а Хрватска е на 60-то место. Далеку подобро се рангирани Словенија на 29-то место, Косово изненадувачки е на 33-то место, а Србија е 48-ма.

За авторите на истражувањето повторното рангирање на Финска на челната позиција „не претставува никаво изненадување“ истакнувајќи дека оваа земја „секогаш била многу високо пласирана врз основа на мерките за меѓусебна доверба кои помогнале да се заштитат животите и егзистенциите во времето на пандемијата“ на коронавирусот.

Финците „настојувале да ја усогласат политиката со општото чувство на благосотојба“, наведуваат авторите на студијата. Финска е предводена од премиерката Сана Марин и оваа земја е една од 23-те држави опфатени со истражувањето во кои на челното место е жена.

Како и вообичаено, врвот на листата го заземаа земјите од европскиот север, па по Финска следат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург, и Нов Зеланд кој е првата земја на листата надвор од Европа, а на 10-то место е Австрија.

САД се сместени на 20-то место, Русија на 77-то, Кина на 85-то а Индија на 140-то место. Дното на 149-те зеји опфатени со оваа статистика го заземаат Руанда, Зимбабве и Авганистан.

Истражувањето спроведено за мрежата SDSN (Sustainable Development Solutions Network) при Обединетите нации, објавено е пред Светскиот ден на среќата кој се одбележува во сабота, 10-ти март.