Според последниот извештај за глобални перспективи на Светска банка, БДП за 2022 година Македонија е рангирана на последно место во регионот со 2.1% БДП.

Светска банка пред Македонија ги рангира  сите земји од регионот, по БДП за 2022 година. Пред нас во извештајот на Светска банка, поголем бруто домашен производ имаат и Босна и Херцеговина, како и Косово.

Највисоко на овој извештај е Хрватска со 6.6% БДП, па Црна Гора со 5.9%, потоа Босна со 4%, Албанија со 3.5%, Косово со 3.1% и Србија со 2.5%.

Немањето вистински мерки, но и задоцнети мерки за економијата во оваа година на кризи, слабата реализација на капитални инвестиции се целосен неуспех на оваа неспособна власт и доведуваат до најмал процент од БДП.

Криминалот и корупцијата во државата се вистинската причина за намалување на странските директни инвестиции.

Оваа криминална власт изминатата година повеќе мислеше на луксузирање и трошење на парите на граѓаните за непродуктивни трошоци, нови и луксузни автомобили за министрите,  наместо капитални инвестиции во инфраструктурата, здравството, образованието, културата и земјоделието.

Токму поради неспособноста и немањето визија, невладеењето на правото, како и зголемениот криминал и корупција, секој ден се повеќе млади се иселуваат од државата и спасот го гледаат во западноевропските земји.

Ова девастирање на државата, и уназадување на секое поле мора да запре. Излез од ваквите состојби се брзи предвремени парламентарни избори, каде што граѓаните ќе ја казнат оваа најнеспособна власт предводена од СДС и ДУИ.