Денешната политика во Македонија е збирштина на неморал и не би ни сакал да ја наречам политика.

Македонското општество многу назадна со ваквата политика. Ова без конкуренција е најлошата влада досега, посебно на економски план.Убеден сум дека оваа влада одработува за туѓуи антимакедонски интереси.Оваа влада е предавничка, вели Зоран Витанов во интервјуто за „Република“.

Денес оној што ја поддржува оваа влада мора да е или криминалец, или предавник или неинтелегентен-смета Витанов.

Тој како економски експерт и претприемач смета дека денеска Македонија и нема економија.

Економијата не е оставена на економистите.Економијата во Македонија ја водат ДУИ.Кога тие имале економска програма, тие се терористи симнати од планина со пушка.Наместо ние политички и општествено да ги неутрализираме ние им дадовме да си играат со судбините на нашите семејства.Тука веќе е работa за санаториум ситуација.

Витанов нема дилеми што е главниот проблем во економијата во Македонија.

Главниот проблем е што ние немаме стратегија и не ги оставаме претприемачите да водат и што оваа влада се поставува непријателски кон претприемачите и воопшто нема никаква поддршка. Ако ние го гушиме претприемништвото а Фондот за иновации стана извор на партиски средства, дури и за потсмев.Исто е и за странските инвестиции.Сега оваа влада се фали што останале или реинвестирале фирмите кои што дојдоа со привлекуваето на странските директни иневестиции од претходната влада каде што сегашната влада ги критикуваше тие политики.

Тој смета дека македонскиот граѓанин недоволно вложува во себе и не се надоградува.

Претприемништвото всушност тоа значи, ние да се себеедуцираме, да стекенеме нова вредност што ја нема на пазарот и таа вредност да ја дадеме на пазарот.Проблемот со просечниот македонски граѓанин е што чека друг да му ги реши проблемите.Денеска да кажеш дека нема работа значи дека си слеп.Млади деца на Јутуб заработуваат милиони евра.Проблемот е што ние чекаме како аргати.Прашањето е зошто веруваме дека сме неспособни.Во психологијата тоа се вика условена беспомошност.Некој не натерал да веруваме дека не не бива.Македонските политичари ги научија македонките граѓани да бидат чекачи.Јас не дозволувам некој нешто да ви даде оти ако некој нешто ви даде тој ве задолжил.Ништо нема за џабе.

Витанов е убеден дека политичарите не смеат да ги одредуваат цените на основните производи.

Се додека државата се меша во слободната и невидлива рака на пазарот ние ја напуштаме економијата и влегуваме во криминалот.Политичарот глумат кога велат ние ве спасивме од галопрањето на цените.Така лажат и овие во Македонија. Оставете ја таа невидлива рака на економијата. Секогаш ќе има претприемач кој ќе направи поевтино на пазарот ако репроматеријалите тоа го дозволуваат. Не интервенирајте на пазарот.Оставете го пазарот да функционира како што знае-бара Витанов.

Тој е убеден дека власта ја користи војната во Украина и короната да ја прикрие неспособноста.

Секој неспособен наоѓа изговори а секој способен бара резултати.Кога ќе слушнете дека некој ви зборува за изговори вие во вашите уши слушајте дека е неспособен.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески