Правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам и транспорт и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година, најави денека директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

Таа посочи дека Владата донесе уредба за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба со која се предвидува ослобдување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за март, април и мај 2020 година, како и уредба со која се предвидува осолободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година.

-Единствена цел на овие меркии е помош и поддршка да се преброди полесно овој тежок период за секој поединец и компанија кој ги трпи последиците од корона-кризата. За да го користат ова право даночните обврзници треба да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или дргу вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник од денот на влегување во сила на уредбата до денот на траењето на ослободувањето, односно 15 јуни 2020 година, како и да не го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените, рече Лукаревска на денешната прес-конференција во Владата.

Таа посочи дека обврзниците од останатите дејности правото на ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка може да го остварат доколку вкупните прходи на даноните обврзници да се намалени за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година. Покрај тоа, правото може да се оствари и доколку намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година, како и доколу бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодвачот заради спроведување на мерките изнесува најмалку 25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или, пак, даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот како подружници, продажни објекти и слично.

-Даночните обврзници го остваруваат ова право со електронско поднесување образец – барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данокот на добивка -ДДОМА преку системот е-даноци на УЈП. Досега до УЈП се поднесени и прфатени вкупно 370 барања, рече Лукаревска.

Ослободувањето од плаќањето на данок на личен доход, додаде, се однесува на обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност, а имаат претпрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за заштита од Ковид-19.

-Обврзниците кои остваруваат доход од вршење угостителска дејност, туризам и транспорт не треба да го намалат бројот на вработени сметано од 26 март 2020 година до три месеци по престанување на важноста на уредбата освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен. Обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење за да добијат ослободување треба да им се намалени вкупните приходи за најмалку 40 проценти во тековниот месец во однос на февруари 2020 година, или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година да изнесува повеќе од 40 проценти во однос на истиот период од претходната година или, пак, бројот на вработени кои не придонесуваат во економската активност на работодавачот заради спроведување на мерките да изнесува најмалку 25 проценти од вкупниот број на вработени во февруари 2020 година или даночниот обврзник да затворил најмалку 50 проценти од продажните места преку кои го остварува прометот, посочи Лукаревска.

За користењето на ослободувањето, како што кажа, самовработените лица поднесуваат барање за ослободување од плаќање на износот за аконтациите на данокт на доход од вршење самостојна дејност – образец ДЛДОМА преку системот е-персонален данок на УЈП.

-УЈП овозможи автоматска обработка на поднесените барање при што обврзникот добива повратна порака за статусот на барањето. Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно – март, април и мај 2020 година и обврзниците не треба да поднесуваат барање за скоја аконтација посебно. Доколку обврзникот добие порака дека барањето е комплетно и дека е прифатено автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за март, април и мај 2020 година. Доколку обврзикот има поднесено комплетно и прифатено барање сите наредни поднсени барања ќе добијат статус на отфрлени. Доколу, пак, направил грешка при пополнувањето поради што барањето е отфрлено треба да поднесе ново барање, појасни Лукаревска и ги повика сите кои ги исполнуваат условите да поднесат барање до УЈП.