Зоран Заев и Нина Ангеловска денеска ќе ја задолжат државата за нови 9,2 милиони евра. Власта расипнички се однесува со народните пари. Не поминува месец без милионско задолжување. Откако Зоран Заев е на власт јавниот долг надмина 5,2 милијарди евра. Јавниот долг за време на Заев е зголемен скоро половина милијарда евра, а ништо не е направено, нема нови патишта, железници и објекти. Автопатот Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип, се финансирани и завршени во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Нема стадиони, нема сали, нема болници, нема нови објекти за државните институции. Нема ништо!, изјави денеска Лилјана Кузмановска, од ВМРО ДПМНЕ.

Дека ништо не се работи доказ е и реализацијата на капиталните инвестиции кои за цели 10 месеци изнесуваат 40%. Доколку не направеа ребаланс на буџетот сумата потрошена на капитални инвестиции ќе беше 36% од таа што сами ја предвидоа. Очигледно се понеспособни и од тоа што самите го мислат за себе. Во ситуација кога ништо не се гради, никој не знае каде се трошат милионите од секојдневните задолжувања, кои за 5, 10 или 20 години ќе ги враќаат идните генерации со камати. Расипништвото мора да запре. По 12 април ќе има одговорност за секој денар потрошени народни пари на криминоген начин, изјави Кузмановска.